А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Преку дијалог до решение на проблемот со каменоломите во Лабуништа

by А1он31/10/2019 - 17:24322
Share1

Во текот на следната недела или најдоцна за две недели заедно со министерот за економија Крешник Бектеши ќе организраме состанок со концесионерите за да разговараме и да изнајдеме трајно решение за проблемот што го имаат жителите на струшко Лабуништа со каменоломите, порача премиерот Зоран Заев во одговор на пратеничко прашање на денешната седница на Собранието.

Добивај вести на вибер

Тој нагласи дека ќе направат се за да се најде решение бидејќи, како што рече, на жителите на Лабуништа им е загорзено здравјето, па дури и безбедноста од многуброните каменоломи во околината на населеното место за кои концесионерите имаат валидни договори за концесија и експлоатација на минерална суровина – варовник.

Пред два дена, додаде премиерот, имало минирање кое било вон сите стандарди и предизвикало дополнителна прашаина и дополнително загадување на воздухот, а испукале и ѕидовите на некои од куќите во Лабуништа.

– Заедно со министерот Бештеши сум вклучен во проблематиката и имав состоноци со граѓаните и пратеникот од Струга на кои утврдивме неколку начини за решавање на проблемот. Сметам дека имаме две можности. Едната е да им понудиме на концесиионерите нови алтернативни локации подалеку од населени места и да им ги дадеме во постапка согласно закон. Втората е преку инспекциските служби да продолжиме со целокупната проверка на документацијата за доделување на концесијата, од еколошките дозволи до постапката на издавање на одобрението и доколку најдеме било каква неправилност да ја санкционираме, рече Заев.

Тој нагласи дека власта не сака со сила да им ја одземе концесијата на концсионерите, туку да најдат начин да се договорат низ дијалог. На таков начин, со разговор што го имал министерот Бектеши со граѓаните и концесионерот, како што рече, еден од концесионерите веќе се откажал од концесијата и неговиот каменолом не е повеќе во функција.

– Не сакаме да уништиме или да наштетиме на ниту една фирма, но сите мора да мислиме за здравјето. Сите инспекции се веќе пуштени во погон, а има и дел од инспекциите од кои не сме задоволни од нивната работа и со нив разговараме, бидејќи се знае каква е постапката за минирање. Најмалку два пати, според податоците што ги имам, е извршено минирање без никаква постапка и со тоа е загрозена и безбедноста, а не само здравјето. Верувам дека ќе му ставиме крај на прашањето со позитивно решение преку алатките што ни стојат на располагање според законот и низ дијалогот кој сакаме да го отвориме, потенцира Заев.

Државата, посочи премиерот, е подготвена да подаде рака за сите што ќе изгубат нешто, да им го надомести тоа, но при тоа да биде загарантирано здравјето на граѓаните.

kameolomlabunista

Би можело да ве интересира

Жителите на Лабуништа утре повторно на протест за затворање на каменоломите

А1он19/09/2019 - 12:4919/09/2019 - 12:50

Бектеши: Раскинување на концесиите за каменоломите во Лабуништа во најкраток рок

Татјана Ташкова02/08/2019 - 17:03

Протест на патот Струга-Дебар, жителите бараа затворање на каменоломите во Лабуништа

Татјана Ташкова19/07/2019 - 18:37

ФОТО: Голем пожар во струшко Лабуништа

Емир Латифовиќ10/12/2013 - 15:56

ВИДЕО: Во Лабуништа подигнато 20-метарско албанско знаме

Ана Ололовска28/11/2013 - 12:2329/11/2013 - 09:17

ФОТО: Наместо спортска сала Лабуништа доби депонија

Емир Латифовиќ23/11/2013 - 17:3424/11/2013 - 10:01
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен