Преку 30 тони отпад собрани во Општина Кисела Вода

Од:

Голема акција за расчистување на јавните површини и дивите депонии се одвиваше денес во Општина Кисела Вода.

Предводени од градоначалникот Филип Темелковски, како и секретарот на Oпштината, вработени во администрацијата, советници од Советот, помогнати од сезонски работници, како и од жители од овој дел на градот работеа на чистење на парковите, улиците, просторот околу детските игралишта и училиштата и градинките, локации каде несовесни граѓани фрлале отпад.

За чистење на дивите депонии беше користена и механизација, ангажирана од Општината. Од 8 часот утринава се работеше едновремено во сите месни и урбани заедници. Беа собрани повеќе од 30 тони отпад.

Акцијата за чистење на Општина Кисела Вода продолжува. Од понеделник на чистењето на депониите во Општина Кисела Вода се приклучува и Градот Скопје.

Во тек е и редовното пролетно чистење на одводните канали на оваа територија, а од следната седмица ќе се спроведува и акција за собирање на кабаст отпад за што жителите ќе бидат детално и навремено информирани преку општинската веб страница и референтите во месните и урбаните заедници каде што живеат.

Уште еднаш апелираме за почитување на Законот за јавна чистота, односно совесно однесување кон животната средина, во која и самите граѓани живеат, соопштуваат од Општина Кисела Вода.

Би можело да ве интересира

За стан од 45 квадрати во Кисела Вода платени 130.000 евра, пад на пазарот на недвижности во првиот квартал

Општина Кисела Вода: Најостро ги демантираме сите изречени клевети од здружението „Стоп за Усје“

Манифестација „Спортист на годината“ во Општина Кисела Вода

Водоснабдувањето прекинато во дел од Кисела Вода

Горан Наумовски

ВИДЕО: Демнач плаши станари на зграда во Кисела Вода

Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска на увид во реконструкцијата на објектот на месната заедница во Пинтија

Предраг Петровиќ