Прекината традицијата во Охрид – крстот го фати Цветан Мицкоски од Белчишта

Од:

Со фаќањето на крстот од страна на Цветан Мицковски, во Охрид е прекината традицијата крстот да падне кај некој од стариот дел на Охрид, Варош. За прв пат крстот го фати 33-годишниот жител на селото Белчишта, Дебарца.

Веќе втора година по ред, крстот не го фрла владиката Тимотеј. Оваа година тоа се објаснува со неговото патување во Австралија.

ohrid-vodici20151

Повеќе од десет илјади луѓе, православни верници од Охрид и од други делови на Македонија, присуствуваа на чинот на осветувањето на водите на Охридското Езеро за празникот Богојавление – Водици.

Од неколкуте стотини верници кои скокнаа по крстот во студените езерски води најсреќен беше 33-годишниот Цветан Мицкоски од охридското село Белчишта.

ohrid-vodici2015

– Дваесет години скокам по крстот, денеска ми се исполна животната желба да го фатам крстот,сам ми дојде пред нозете, изјави Мицкоски кој е родум од Белчишта, а живее во Охрид.

Прославувањето на големиот верски празник Свети Јован Крстител во Охрид почна рано изутрината со богослужби во сите парохиски цркви во Охрид, освен на Плаошник. Централната манифестација се одржа на Градското пристаниште, а кулминираше со фрлањето на крстот во осветените езерски води.

Би можело да ве интересира

Филипче: Со чесна и посветена работа Асен Шајн ќе го врати сјајот на Охрид

Охриѓанец го запалил глисерот на брат му, огнот зафатил и зграда

Катерина Ѓуровски

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник

Уапсен маж осомничен дека предизвикал пожар, кај него е пронајдена запалка тврди полицијата

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ