Прекината средбата на Џафери со координаторите на пратеничките групи

Од:

Претседателот на Собранието Талат Џафери за напладне најави прес-конференција откако на денешната редовна понеделничка средба со координаторите на пратеничките групи не бил постигнат договор за работата на Парламентот и утрешната седница, на која на дневен ред се закони поврзани со мерките за справување со Кодив-19.

Според информации од пратеничките групи, ВМРО-ДПМНЕ предложиле на утрешната седница да го поддржат носењето на законите со тоа што ќе присуствуваат на седницата и ќе обезбедат кворум, додека Алијанса на Албанците и Алтернатива повлекувањето на речиси 32.000 за околу 20 закони го условиле со усогласување со Предлог-закон за државјанство. По ова, според информациите од Собранието, Џафери ја прекинал координацијата и свика прес-конференција.

Собранието, поради пратеници со Ковид-19 од владејачкото мнозинство, немање кворум и блокирање на опозоциските партии, не може да гласа за многу законските текстови за кои веќе е завршена расправа, како и за оние што се на дневен ред на утрешната седница 36. седница.

Меѓу точките на дневен ред на оваа седница се закони од петиот сет мерки за справување со Ковид-19: Предлог на закон за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, за месеците февруари и март 2021 година, Предлог на закон за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здраствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, заради исплата на платите за месеците февруари и март 2021 година, како и Предлог на закон за изменување на Законот за данокот на личен доход, сите по скратена постапка.

Утре пратениците треба се изјаснат и за продолжување на кризната состојба на јужната и северната граница, а на дневен ред на 36. пленарна седница се и интерпелации поднесени од опозоцијата, предлог закон за поништување на законот за попис на ВМРО-ДПМНЕ и други.

Би можело да ве интересира

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции