Прекината собраниската седница, измените на Законот за попис на комисиска расправа

Од:

Собранието попладнево ја продолжи 38-та седница со две точки на дневниот ред, одложување на пописот што би се одржал од 5 до 30 септември, и измена на Изборниот законик со кој се предвидува употреба на терминали за отчитување на отисок од прсти на локалните избори, што исто така ќе бидат одложени за втората половина на октомври.

Претседателот на Собранието Талат Џафери информира дека на дневен ред на седницата се две точки по скратена постапка и образложи дека според Деловникот овие точки треба да се разгледуваат на матичните комисии, за европски прашања и за политички систем и односи меѓу заедниците и на Законодавно-правната комисија.

-Бидејќи работата на комисиите продолжува и не се создадени предуслови за да може да одиме на расправа по овие точки тука прекинуваме со работа со оваа седница. За продолжението на седницата дополнително ќе бидете информирани, што всушност зависи од работата на двете комисии, за европски прашања и за политички систем и односи меѓу заедниците, како матични комисии за овие точки и Законодaвно-правната комисија која исто така треба да ги разгледа двата законa, рече Џафери.

Додаде дека кога ќе има извештај дека комисиите завршиле со работа со овие точки, согласно времето и роковите, ќе бидат известени пратениците.

Пратениците претпладнево ја изгласаа потребата од донесување Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Севрна Македонија, 2021 година по скратена постапка, поднесен од Владата и Предлог на закон за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка, чии предлагачи се претставници од сите пратенички групи во Собранието.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски