Полицијата растури семејна веселба во кафеана во гостиварско и го приведе газдата

Од:

Полицајци од СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, денеска околу 16 часот го лишија од слобода А.Д.(30) од селото Неготино (Полошко) затоа што во неговиот угостителски објект во Неготино била организирана семејна веселба, на која присуствувале 25 лица.

Тој ќе биде задржан во Полициската станица Гостивар и по целосното расчистување и документирање на случајот, ќе му биде изготвена пријава за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, согласно член 206 од Кривичниот законик.

Семејната веселба е прекината, а објектот затворен од Државниот пазарен инспекторат.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски