Прекината седницата за одложување на пописот, пратеници не можеле да најдат место за паркинг

Од:

Собранието на Република Северна Македонија попладнево го започна продолжението на 38. седница на чиј дневен ред се измените и дополнувањата на Законот за попис, со којшто се предвидува одложување на пописот за септември, и измени и дополнувања на Изборниот заоник. На барање на координаторот на пратеничката група на Алијанса на Албанците и Алтернатива Скендер Реџепи, која се противи на одложувањето на пописот, седницата е прекината и ќе продолжи во 16:30 часот.

Реџепи бараше промени во редоследот за обраќање на пратениците и тврдеше дека тие доставиле листа со пратеници до Кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери.

Претседателот на Собранието кажа во кои случаи се составува листа на пратеници кои ќе зборуваат, и рече дека кога почнало продолжението не сите пратеници на оваа пратеничка група биле во салата да се пријават за збор.

Образложението на Реџепи за тоа зошто пратениците не биле во салата беше дека некои од нив не можеле да најдат место за паркирање, а потоа морале и да се потпишат дека дошле во Собранието.

Претседателот на Собранието рече дека седницата била закажана за 15:00 часот и оти не е негов проблем што некој доаѓа во 15:15 часот и доцни на работа и притоа не наоѓа паркинг. Дека ќе има седница, потенцираше тој, се знаеше уште од вчера.

Џафери, сепак, го прифати барањето и даде еден час пауза.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски