Прекината потрагата по удавеното момче во „Мавровица“

Од:

Тимот на Дирекцијата за заштита и спасување попладнево ја прекина потрагата по удавеното момче во хидроакомулацијата „Мавровица“ во Свети Николе, поради потешкотии кои се појавиле во текот нуркањето предизвикани од матната вода и присуството на треви во хидроакумулацијата.

Портпаролот на СВР-Штип, Снежана Санева изјави дека по неколку часовна потрага на нуркачките екипи, одлучено е таа да биде прекината. Санева рече дека во наредниот период ќе се чека телото на исчезнатото момче да се ифрли на површината на езерото по природен пат, а исто така екипи ќе вршат постојано контрола на езерото.

Дирекцијата денеска го ангажираше тимот за спасување под вода од Струга да ја пребара хидроакомулацијата „Мавровица“, каде завчера се удави 27-годишниот светиниколчанец. Тој бил на риболов на езерото, а се удавил превртувајќи се од душекот.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип