Прекинат прагот на алармирање во Тетово за загаденост на воздухот

Од:

Согласно податоците од ДАМСКВ на 30.01.2019 година, среднодневните концентрации на РМ10 во Тетово се под дефинираниот праг на алармирање од 188 g/m3, и епизодата од два последователни дена е прекината.

Министерство за животна средина и просторно планирање соопшти дека со тоа престануваат да важат препораките и мерките согласно заклучоците од 40-та седница на Владата на Република Македонија.

Во Тетово вчера стапија во сила мерките и препораките за заштита од аерозагадување, поради надминување на прагот на алармирање на суспендирани честички со големина од 10 микрометри во два последователни денови.

– Согласно Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 188 мg/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, истиот е надминат на мерното место Тетово, соопштија вчера од Владата на Република Македонија.

Среднодневните концентрации на PM10 во Тетово на 29 изнесувале 210,58, додека на 30 јануари 210,48 микрограми на метар кубен.

Би можело да ве интересира

Тетовец остана и без пари и без возило

(ВИДЕО) Сестрата на Теодора: Само две години за тој што ја уби, колку вреди животот во Македонија

Две години затвор за Менсур Пајазити кој ја прегази 22-годишната Теодора

Катерина Ѓуровски

Шаќири: Струјата од трафостаница до модуларната болница во Тетово е направенa од две неквалификувани лица од тетовската болница

Горан Наумовски

„Ќе и кажам на твојата сопруга дека детево е твое“ – тетовка го уценувала вонбрачниот партнер

Тетовските социјални работници побараа поголема заштита од надлежните служби