Прекина бојкотот во М.Ж. „Транспорт“, железничкиот сообраќај се нормализира

Од:

Железничкиот сообраќај во државава од ноќеска е нормализиран откако Синдикатот на машиновозачи на Македонија го прекина бојкотот по преговорите што се одвивале синоќа со раководството на МЖ Транспорт и претставници на Министерството за транспорт.

– Имавме преговори кои вродија со плод, дел од барањата се исполнети и колегите одлучија за да не се прават дополнителни трошоци и бојкотот засега да се прекине. Сообраќајот е нормализиран ноќеска во 1.30 часот. Првиот воз замина за Кумано во 4.57, изјави Тони Димовски, претседател на Синдикатот на машиновозачи на Македонија и претставник на машински и извршен персонал во МЖ Транспорт.

Димовски најави дека ќе продолжи дијалогот со раководството.

Спорд Димовски, во тек на бојкотот, што почна вчера во 13.30 часот, биле стопирани сообраќања на пет патнички воза, два за Битола, и по еден за Куманово, Гевгелија и за Велес, додека кај товарните возови немало застои освен задоцнувањата поради активности на пругите.

До раководството на железникото претпријатие на 2 октомври биле доставени 15 барања, а откако немало исход донесена е одлука за бојкот. Дел од барањата се исплата на прекувремени часови, бонус плата за над 150 прекувремени часови, покачување на коефициентот за 0.80 поради зголемени животни трошоци, исплата на додаток од 10 отсто на платата за вонредно повикување на работа…

Би можело да ве интересира

Масовен бојкот во Турција – Владата тврди: Тоа е саботажа

Горан Наумовски

СДСМ: Скандалозна изјава на Трајко Славевски, граѓаните да не бараат поголеми плати додека тој ужива

Катерина Ѓуровски

На социјалните мрежи повици за бојкот на маркетите в петок

Горан Наумовски

ОУ „Лазо Ангеловски“ го прекина бојкотот, учениците утре продолжуваат со настава

Од 700 километри пруга, граѓаните користат 150: Државата ниту изгради ново, ниту модернизираше старо

A1on

(ВИДЕО) Пропуст од 25 милиони евра: Кинеските возови биле нарачани без простор за миленици и велосипеди

A1on