Прекин во снабдувањето со вода на дел од Гостивар

Од:

Гостиварското јавно комунално претпријатие „Комуналец“ за утре најави повеќечасовен прекин во снабдувањето со вода за пиење на дел од градското подрачје. Причината како што наведуваат од таму е санирање на дефект.

– Прекинот е заради изведување поправки на цевководот во близина железничката станица. Планирано е тој трае до пладне, односно до поправка и и негово оспособување. Во овој период дел од корисниците во градот кои се снабдуваат со вода од градскиот водовод, нема да добиваат вода, информираат од ЈП Комуналец.

Покрај тоа, за утре се планирани прекини во снабдувањето со вода за пиење на целото гостиварско подрачје.

– Тоа е планирано да почне од утринските часови. Прекините ќе бидат во функција на пробно пуштање во работа на пречистителната станица и подготовките за редовно снабдување со филтрирана вода. Од овие причини бараме разбирање од граѓаните, потенцираат од ЈП „Комуналец“.

Би можело да ве интересира

Уапсен e насилник кој ја истепа својата 28-годишна сопруга

Горан Наумовски

Кривична за маж од Гостивар кој и се заканувал на сопругата

Маж од Гостивар и се заканувал на сопругата со моторна пила дека ќе ја повреди

Горан Наумовски

Најдени гранати при ископ на канал пред Основен Суд Гостивар

38-годишна жена е повредена во сообраќајка во Гостивар

Поради сообраќајка на патот Тетово – Гостивар, сообраќајот по една коловозна лента