Прекин на водоснабдувањето во Куманово

Од:

Од Јавното претпријатие „Водовод“ информираат дека денеска ќе има прекин на водоснабдувањето на територијата на Куманово во периодот од 10 до 16 часот.

Директорот на претпријатието, Горан Стојковски информира дека добиле известување од „Кумановско-Липковско поле“ дека поради редовно сервисирање и оддржување на затворачот на цевководот од браната до филтер станицата,ќе нема испорака на вода кон филтер станицата.

Раководителот на секторот за експлооататција и оддржување, од Водостопанство „Кумановско-липковско поле“,Емрла Укшини, објаснува дека денеска стручни екипи ќе извршат редовна конторола и сервисирање на темелниот затворач.Оваа мерка,објаснува Укшини, се презема, за да се задржи и подобри квалитетот на испораката на вода од браната Липково, преку цевководот кон филтер станицата на комуналното претпријатие.

Во последното деноноќие во Кумановско наврнаа 27 литри дожд на метар квадратен, информираат од Регионалниот Центар за управување со кризи. Од таму соопштуваат дека зголемено е нивото на реката Кумановка од 49 на 83 сантиметри. Реките Липковка и Оризарска река се излеале од коритата и поплавиле земјоделски површини насеани со житни култури за околу 100,односно, 70-тина хекатари. На локалниот пат Страцин –Куманово има мал одрон кој го расчистуваат екипите на ЈП „Македонија Пат“.

Би можело да ве интересира

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски избега од пуштањето вода во Гостивар – истиот ден водата забранета во Демир Капија

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово