Прехранбениот сектор ќе го прилагоди производството и доставата за редовно снабдување на трговските ланци

Од:

Домашните компании од прехранбениот сектор, поради состојбата со коронавирусот, размислуваат да ги прилагодат своето производство и достава со цел редовно снабдување на трговските ланци со прехранбени производи.

Како што информираат од Стопанската комора на Македонија, за ова особено се размислува ако дојде до целосно затворање на земјите од кои увезуваме суровини, како што е Италија.

-Домашните производители на прехранбени производи се во активна меѓусебна комуникација и ги преземаат сите мерки за превенција од корона вирусот за безбедно производство и дистрибуција на производите и услугите кои ги нудат, според насоките дадени од Министерство за здравство. Една од мерките која беше преземена уште на стартот, е формирањето дезобариери на влезот во сите компании низ кои минуваат возила за превоз на луѓе и дистрибуција на производи, информира Комората.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Компаниите кои не ги намалуваат цените на прехранбените производи ќе го загубат правото на поевтина струја

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември