Преговорите за медиуми тапкаат во место

Од:

Работните групи за реформи во медиумите денеска се сретнале, размениле неколку ставови и си заминале, со што средбата завршила без никаков напредок.

Дискусијата била кратка, брифираат преговарачите, и не било кажано ништо конкретно. Биле споделени ставови за регулација на медиумската сфера во предизборие, но не е постигнато никакво усогласување.

Не е закажана нова средба и не се знае дали средбите ќе продолжат во следните денови.

Преговорите за медиуми се одложуваат повеќе од било кое прашање поврзано со имплементацијата на Договорот од Пржино. Со овие преговори треба да се сменат раководните позиции во МРТ, МИА и Агенцијата за медиуми.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ