Прегазена жена во Аеродром

Од:

Шеесет и деветгодишна жена од Скопје вчера била прегазена во Аеродром.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера околу 14.30 часот на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје кога возило „Тојота ленд крузер “ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.В.(39) од Скопје, удрило во пешакот Ц.И.(69) од Скопје.

Со возило на Итна медицинска помош Ц.И. била пренесена во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди, а во 18.30 часот починала.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, а телото на починатата било дадено на обдукција.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на патот Берово-Струмица e во прекин поради сообраќајка

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден