Прегазена 46-годишна жена на регионалниот пат кај Кадрифаково

Од:

Четириест и шестгодишна самохрана мајка С.С. од светиниколското село Кадрифаково утрово загина кога го преминувала регионалниот пат Штип – Свети Николе, откако во близина ја оставил автобусот со кој се вратила од трета смена во штипска фабрика.

Во обид да го премине патот, била прегазена од возило што се движело од спротивниот правец. Како последица од ударот, жената починала на самото место.

Според СВР Штип, несреќата се случила во 6.27 часот. Им било пријавено дека на регионалниот пат кај село Кадрифаково, возило „форд фокус“ со светиниколска регистрација управувано од 43-годишниот Т.Г. од село Ерџелија, удрило во пешакот С.С. од село Кардифаково.

Во незгодата, С.С. се здобила со повреди и починала на самото место. Увид извршила увидна екипа од Полициската станица Свети Николе во содејство со јавен обвинител.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари