Прегазен пешак на булеварот „Гоце Делчев“ во Штип

Од:

На булеварот „Гоце Делчев“ во Штип утрово се случи сообраќајна несреќа во која тешко е повреден пешак. Несреќата се случи во 9 часот и 10 минути на пешачки премин кога учениците од Средното електромашинско училиште „Коле Нехтенин“ преминувале на пешачки премин, а возило марка „фолксваген опел“ директно удрил во еден од пешаците и по булеварот го влечел неколку метри.

Според првичните информации, средношколецот е во тешка состојба и е веднаш хоспитализиран во Клиничката болница во Штип.

Полицијата и истражните органи вршат увид на местото на несреќата, а се контролира и сообраќајот на булеварот „Гоце Делчев“ што е влез и излез на градот Штип. Ова е една од црните сообраќајни точки во градот Штип каде што постојано има сообраќајни несреќи во кои страдаат пешаци.

Повеќе детали околу несреќата надлежните најавуваат во текот на денот.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип