Прегазен 70-годишник кај Врапчиште

Од:

70-годишниот Беадин А. утрово околу шест часот го загубил животот на регионалниот пат Топлица-Врапчиште. Постои смонеж дека е жртва на сообраќајна несреќа што ја предизвикал малолетник, информираат од СВР Тетово. Телото го виделе минувачи и случајот го пријавиле во полиција.

Извршен е увид од јавен обвинител и крим техника, а во гостиварската населба Дутлок, пронајдено е и возило за кое постои сомнение дека учествувало во сообраќајката. Во гостиварската полициска станица бил повикан 14 годишен малолетник и во присуство на неговите родители е распрашан.

Истражните органи работат на расветлување на околностите за несреќата. Годинава, на гостиварското подрачје, ова втора жртва во сообраќајна несреќа.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип