Председавачот на ВК на НАТО во посета на АРМ

Од:

Во официјална посета на АРМ и на Република Македонија од денеска ќе претстојува председавачот на Воениот комитет (ВК) на НАТО, генерал Кнуд Бартелс, кој ќе биде пречекан со високи воени почести, од страна на домаќинот началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески.

За време на престојот во МО и ГШ на АРМ, генералот Бартелс ќе оствари средба со министерот за  одбрана Зоран Јолевски, а најавено е дека утре ќе биде примен и од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов и министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Во текот на посетата, председавачот на ВК на НАТО ќе одржи предавање пред питомците на Воената Академија „Михаило Апостолски“ во Скопје, а ќе положи и венец со свежо цвеќе пред споменикот на „Паднатите херои за Македонија“.

Покрај унапредувањето на понатамошната соработка со НАТО, на средбата со делегацијата од НАТО, соопшти МО, ќе се разговара за реализацијата на акциониот план за членство во НАТО, имплементацијата на партнерските цели како  и за учеството на АРМ во мисите предводени од НАТО.

Би можело да ве интересира

Рјабков: Членството на Украина во НАТО е неприфатливо

Мицкоски во Берлин на состанокот посветен на Украина: Ја потврдивме поддршката за постигнување праведен и траен мир преку дијалог, дипломатија и координација со нашите сојузници

Бајден за потегот што го загрижи Кремљ: НАТО стигна до границите на Русија

Лавров: НАТО им нанесе голема штета на соседните земји

Романија предупредува на влошување на безбедносната состојба во Црното Море, бара поголема поддршка од ЕУ и НАТО

Финска го отфрли наводното руско барање за напуштање на НАТО