Предметот за „Бехтел и Енка“ префрлен во МВР

Од:

Предметот за „Бехтел и Енка“ што го отвори Обвинителството по допрен глас, врз основа на написи во медиуми, од летото е префрлен во Министерството за внатрешни работи.

Како што информира Обвинителството, за случајот се отвориле многу прашања и не било лесно да се обезбедат докази за да се дојде до одговорите.

-Предметот за спроведување на изградбата на автопатиштата од коридорите 8 и 10д е отворен по допрен глас врз основа на написи во медиуми. Предметот го почна Обвинителството, но не го работеше ниту една правосудна полиција и заради тоа, по него постапуваше само еден истражител од Истражниот центар на Обвинителството во организиран криминал зашто во целиот Истражен центар со таков тип предемети се занимаваат пет до шест истражители. Во целиот тој период беа извршени проверки на двете постапки – јавни набавки кои биле сроведени за избор на правно лице кое ќе го врши надзорот. Едната била поништена поради недоставување банкарска гаранција, а втората постапка била успешна. Имало двајца конкуренти, два конзорциума. Едниот завршил во почетоците на постапката поради неисполнување услови, а вториот, како единствен краен понудувач, го склучил договорот за јавна набавка. Вака гледано, се е завршено по закон. Но, за да се открие евентуалното постоење на некое кривично дело и како баш тој конзорциум го добил, дали по таа цена било нормално да се добие,…, се многу големи прашања на кои одговорите не можеме секогаш да ги најдеме ниту во нашата држава зашто конзорциумот е меѓународен, ниту е лесно обезбедувањето докази за да дојдеме до одговорите на тие прашања. Се отворија многу прашања, беше потребно да се обезбедуваат и вршат проверки на пошироки страни, предметот уште од летото е префрлен, со дадени наредби, во Министерството за внатрешни работи, беше речено денеска на брифинг со медиумите во Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за членка на Судски совет, 15 пати зела парти за превоз, а ќерка и имала стан во Скопје

Катерина Ѓуровски

МВР: Од 12 октомври нов систем за влез/излез од ЕУ, со што сè треба да се подготват патниците

Горан Наумовски

Пијаните возачи ќе одговараат кривично, заострување на казните

Ги нападнале овчарски кучиња, се качиле на столб за мобилна телефонија – спасени белгиски планинари во Ценар Жупа

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Еднојазичните униформи не се само облека

Руското МВР тврди: Регистрирани се 10 обиди за терористички напади за време на локалните избори