Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за надворешна политика, чии членови треба да ги чујат платформите на неколку новоименувани амбасадори на Северна Македонија во странство.
Претставување на платформата ќе имаат Сашко Тодоровски кој треба да биде амбасадор во Прага, Чешка, Горан Цеков номиниаран за Јапонија, Светлана Гелева во Стразбур, Васко Грков кој треба да биде амбасадор во Србија, Билјана Стефановска Сековска во Канбера, Австралија, Бети Јачева во Холандија, Драган Јордановски во Естонија и Лидија Бошковска во Атина.
На претходните продолженија на седницата пред Комисијата своите платформи ги претставија Шпреса Јусуфи, која е предложена за амбасадор во Косово, Марија Ефремова која треба да биде амбасадор при Светата Столица, потоа предложените амбасадори на Северна Македонија во Албанија, Данчо Марковски и во Казахстан Сали Лимани.
Пред членовите на Комисијата за своите приоритети како амбасадори говореше и Дане Талески, кој е новиот амбасадор кој ќе ја претствува земјата во Мисијата во НАТО во Брисел, како и предложените амбасадори во Данска Фатон Бејта и во Катар Шабан Јашари.