Предложени парични казни за петнаесет лица

Од:

Основното јавно обвинителство Кочани поднесе предлози за издавање казнени налози против 15 лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Еден од нив, допатувал на 18 март во Република Северна Македонија од земја со среден ризик за зараза согласно Листата на Светската здравствена организација. При влез во земјата потпишал изјави за самоизолација и бил запознаен со мерката за задолжителна самоизолација согласно Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус – COVID-19. Но истата не ја почитувал на 19 март кога бил забележан од полициските службеници. За стореното кривично дело, обвинителството побара од судот на обвинетиот да му биде изречена парична казна во висина од по 100 дневни глоби, секоја во висина од по 20 евра во денарска противвредност.

Другите 14 лица за кои се поднесени предлози за издавање казнен налог, не ја почитувале Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за забрана и посебен режим на движење со која се забранува движење на населението од 21 до 5 часот наредниот ден. Тие во одделни настани биле затекнати како одат пеш или патуваат со патнички моторни возила, со што го сториле кривичното дело кое им се става на товар. За секој од обвинетите обвинителството предложи на судот да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.

Би можело да ве интересира

Обвинителство изврши увид по тешката сообраќајка на патот Кичево – Гостивар

А1он

ОЈО бара мерки за претпазливост за последниот 19-ти осомничен со кого е проширена истрагата за пожарот во Кочани

А1он

Обвинителството бара продолжување на мерките притвор и куќен притвор за сите осомничени за пожарот во Кочани

А1он

24-годишен маж крвнички ги истепал децата на партнерката, едно дете е во животна опасност

Левица: Власта да ги врати казните за функционерите, ако не ќе бараме построги казни и незастарливост

Во влез од зграда во Скопје нападна и допираше девојка, ОЈО отвори постапка

А1он