Предложени парични казни зa 23 скопјани за непочитување на здравствените прописи

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против 22 лица кои не го почитувале полицискиот час, односно донесената одлука за забрана и посебен режим за движење на територијата на државата.

Сите се обвинети дека го сториле кривичното дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

-Еден од нив го прекршил полицискиот час во три наврати, па се товари дека сторил продолжено кривично дело согласно член 45 од Кривичниот законик. За него е предложена парична казна од 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 30 евра, додека за сите останати предложени се парични казни од 100 дневни глоби од по 20 евра во денарска противвредност, соопшти Јавното обвинителство.

Основното јавно обвинителство Скопје денеска соопшти дека доставило и предлог за издавање казнен налог за едно лице кое не ја почитувало мерката за строга изолација во објект – државен карантин. Тој исто така е обвинет за кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Надлежен јавен обвинител му предложил на Основниот кривичен суд Скопје за овој обвинет да определи парична казна од 100 дневни глоби при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.​

Би можело да ве интересира

Прогласен e полициски час во центарот на Лос Анџелес

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници: Да се амнестираат луѓето што го прекршиле полицискиот час

Парична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час​

Ана Ололовска

Казна од 2000 евра за охриѓанец обвинет за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска

Велешкото обвинителство предложи казни од по 800 евра за 10 лица за непочитување на полицискиот час

Ана Ололовска

Предложени парични казни против три лица за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска