Предложени мерки на претпазливост за второосомничениот Иџет Мемети

Од:

Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост спрема второосомничениот – член на Советот на јавни обвинители, Ицет Мемети.

„Со предлогот, обвинителството бара судот на осомничениот да му определи мерки на претпазливост согласно чл.146 ст.1 т.2 и 3 од Законот за кривична постапка, односно обврска на осомничениот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган кој ќе го определи Судијата на претходна постапка и привремено да му биде одземена патната исправа за преминување на државната граница, односно забрана за издавање на нова патна или друга исправа за преминување на државна граница на име на осомничениот, како и забрана за употреба на лична карта на име на осомничениот како исправа за преминување на државната граница“, велат од Обвинителството.

Во барањето се наведува мерките да траат додека постои потреба, а најдоцна до правосилноста на пресудата согласно чл. 146 ст.5 од ЗКП.

Би можело да ве интересира

Иџет Мемети се спогоди со Обвинителството, призна вина во замена за условна казна

Советот на јавни обвинители му препорачува на Мемети да не учествува во работата додека трае постапката против него

Иџет Мемети не се појави на седница на Советот на јавни обвинители, размислува да даде оставка од функцијата потпретседател

А1он

Определени мерки за претпазливост за Иџет Мемети

Лефков: Георгиев и Мемети, кадрите на СДС и ДУИ во правосудството се дел од правосуден октопод

Кривичен денеска ќе одлучи дали судијата Георгиев ќе оди во притвор, за Мемети нема да се бара најстрога мерка