Предложена мерка притвор за скопјанец кој малтретирал бебе

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје нареди истражна постапка против 34-годишен скопјанец осомничен за кривично дело „запуштање и малтретирање дете“ и е предложена мерка притвор.

Осомничениот делото го сторил на 23 декември околу 12 часот, кога неговата вонбрачна партнерка му го оставила нејзиното едногодишно дете да го однесе кај претходно ангажирана дадилка. Осомничениот – очув на детето, додека бил сам со него во домот и додека го превезувал во возило, го малтретирал удирајќи му тупаници по главата и лицето, при што му нанел телесни повреди.

– Поради постоење околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе се даде во бегство, ќе влијае на сведоци и дека ќе го повтори делото, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, соопшти Јавното обвинителство.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари