Предложен куќен притвор напаѓачот на новинарска екипа

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 67-годишно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик информираат од ОЈО.

– Пријавениот, на 14 ноември, со грубо навредување и грубо насилство ја загрозил сигурноста на снимател од новинарска екипа, додека кај присутните сведоци – новинар и возач на телевизиската екипа предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв. Осомничениот најпрвин упатил погрдни зборови и пцовки кон новинарската екипа која снимала прилог, а потоа и физички го нападнал снимателот, удирајќи го со лактот во вилицата и нанесувајќи му телесна повреда – набиеница. Бидејќи постојат околности кои упатуваат на опасност осомничениот да се даде во бегство, како и особени околности врзани со начинот на извршување на делото кои укажуваат дека тој би можел да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка – куќен притвор​ се наведува во известувањето од Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Маскиран влегол со автоматска пушка и украл на 5000 евра од казино во Лешок

Бајрами: Изборниот ден се одвива без поголеми нарушувања и нерегуларности

Градежните работници се пуштени, Обвинителството го почна увидот за пожарот во Универзална сала

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Новинарот Фуркан Салиу да биде пуштен на слобода, а МВР да ја информира јавноста за причините за неговото приведување

Тошковски: Несериозни и непрофесионални се изјавите за убиството на лекарот

Пијан Србин избоде маж во угостителски објект во Јосифово

Катерина Ѓуровски