Предлогот за именување на заменици министри во Владата пред пратениците

Од:

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи осмата седница на која на дневен ред е Предлогот за именување на заменици министри во Владата на Република Македонија.

Согласно предлогот којшто премиерот Никола Груевски го достави до Собранието за заменик-министер во Министерството за одбрана се предлага Арбен Љабеништа, за заменик-министер за внатрешни работи Земри Џамиљи, за заменик-министер за правда Билјана Бришковска Бошковски и  за надворешни работи Драгана Кипријановска. За истата функција во Министерството за финансии предложен е Ардијан Џељадини, во Министерството за економија Христијан Делев и во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски.

За заменик-министер за здравство е предложен Јовица Андовски, за заменик-министер за образование Спиро Ристовски, за заменик-министер за труд Ибрахим Ибрахими, за заменик-министер за локална самоуправа Љупчо Пренџов, за заменик-министер за култура Драган Недељковиќ, за заменик-министер за информатичко општество Марта Арсовска Томовска, за заменик-министер за транспорт и врски Ниметула Хаљими и за заменик-министер за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски.

Меѓу точките на осмата собраниска седница се и Предлог законот за изменување на Законот за субвенционирање на станбен кредит, по скратена постапка,  Предлог законот за еднократно отпишување на долговите на граѓаните, Предлог на завршна сметка на Буџетот на Република Македонија за 2013 година, Предлог  законот за данокот на добивка.

Пратениците ќе се произнесат и по предлог законите за изменување и дополнување на Законот за супервизија на осигурување, на Законот за девизната инспекција, на Законот за финансиските друштва, на Законот за регистрирање на готовински плаќања, на Законот за постапување со бесправно изградени објекти и на Законот за градење, сите во прво читање.

Треба да бидат разгледани и предлог законите за изменување на Законот за задолжително осигурување во сообраќајот, измените и дополнувањата на Законот за превоз во патниот сообраќај,  Предлог закон за спортска академија

Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за Посебен регистар за лица осудени со правосилна пресуда за кривични дела за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија. Предлог законот за дополнување на Кривичниот законик и Предлог законот за прекршоците се исто така меѓу точките на оваа седница.

Собранието треба да се изјасни и по Предлог одлуката за надоместок на трошоците на учесниците во изборната кампања од чија листа на кандидат е избран претседател на Република Македонија за 2014 година и на учесниците во изборната кампања од чии листи на кандидати не е избран кандидат за претседател на Република Македонија, како и Предлог одлуката за надоместок на трошоците на учесниците во изборната кампања од чии листи на кандидати се избрани пратеници во Собранието на Република Македонија и на учесниците во изборната кампања од чии листи на кандидати не се избрани пратеници во Собранието на Република Македонија.

Ќе биде разгледан и Предлог законот за изменување на Законот за пратениците, по скратена постапка, поднесен од Александар Николоски, Талат Џафери.

На дневниот ред на седницата се и повеќе Предлог одлуки за избор на членови на комитети и други тела кои ги избира Собранието.

Би можело да ве интересира

Предлог законот за дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка, проследен на натамошна постапка во Собранието

Верификувани мандататите на новите пратеници

Собранието ќе ги пополни местата на пратениците кои станаа министри

Критики за програмата и кадровските решенија од опозицијата, прва половина од собраниската седница за избор на новата влада

Мицкоски: Државата е во клиничка смрт, институциите се доведени пред пропаст

Собраниска седница за избор на новата влада