Предлог-законот за класифицирани информации во две собраниски комисии

Од:

Предлог-законот за класифицирани информации во прво читање денеска треба да биде разгледан во собраниската Комисија за европски прашања и во Законодавно-правната комисија.

Предлог-законот завчера беше прифатен во матичната Комисија за одбрана и безбедност, а министерката за одбрана Радмила Шекеринска во образложението нагласи дека законот ќе се однесува на националните класифицирани документи, но и на класифицираните информации кои се добиваат од страна на меѓународни организации или создавање меѓусебна соработка, со главен акцент на комуникација со документи кна НАТО што се и класифицирани.

– Класификацијата не смее да биде основ за прикривање. Напротив, се дава безбедност и заштита на сите лица кои сметаат или можат да утврдат дека класификацијата била злоупотребена за да се покрие кривично дело, незаконско работење или злоупотреба. Тоа тука е јасно прецизирано, истакна Шекеринска.

Таа додаде дека привршуваат сите подготовки за да се обезбеди и физичка и процедурална безбедност на класифицираните иниформации, а тоа значи дека пристапните точки до кои ќе стигаат документите и информациите на НАТО се прилагодуваат целосно на стандардите на Алијансата. Во сите клучни институции, потенцира Шекеринска, се привршуваат целосни мерки на физичка стабилност, затворање на прозорци, заштита од електромагнетно зрачење и целосен видео надзор.

На седницата на Законодавно-правната комисија се и Предлог – одлука за испраќање на припадник на Армијата на Република Северна Македонија за учество во мировната операција на Европската Унија „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина и Предлог-одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во мировната операција „Одлучна поддршка“ во Исламската Република Авганистан.

На посебна седница Законодавно-правната комисија ќе го разгледува Предлог за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2019 година во второ читање.

Во собранието денеска ќе се одржи и јавна расправа на тема: Улогата на жените во руралните средини и нивните предизвици во Комисијата за еднакви можности на мажите и жените.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска