Владата го усвои Предлог-законот за амнестија, ќе се носи во редовна постапка

Од:

Владата на денешната седница го разгледа и усвои Предлог-законот за амнестија, им препорача на Министерството за правда и на владините служби да ги обезбедат условите за увид во предлог-текстот на законот до засегнатите министерства, како и до пошироката јавност, а донесе и одлука усвојувањето на законот да оди во редовна постапка, соопшти владината служба за информирање.

Од Владата информираат дека согласно предвидената процедура за усвојување на законите во редовна постапка, текстот на Предлог-законот ќе биде поставен на увид на јавноста во Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (ЕНЕР, www.ener.gov.mk) и, како што посочуваат, на тој начин до него ќе имаат пристап експертите од стручната јавност, од граѓанскиот сектор, како и сите други засегнати страни.

Предлог-законот на ЕНЕР ќе биде достапен 20 дена, согласно одлуката на Владата на РМ, која на една од претходните седници го зголемила бројот на денови за јавна расправа на законите што се донесуваат во редовна постапка.

– Првиот драфт на Предлог-законот ја опишува целисходноста од донесувањето на овој закон кој е времен и ќе се однесува на точно определени временски одредници. На денешната седница, министерот за правда, Билен Саљији напомена дека предлогот за донесување на нов закон за амнестија е израз на добра волја на државата кон одредена група правосилно осудени лица, со цел за нивна ресоцијализација и за растоварување на затворите од прекумерниот број на лица кои се наоѓаат на отслужување на затворска казна воедно, како и условите во казнено-поправните установи во државата, се вели во соопштението.

Министерот Саљији објаснил и дека со предложениот текст на закон не се предвидува амнестија за лица правосилно осудени на казна доживотен затвор, како и за сторители на кривично дело „убиство“ од член 123 од Кривичниот законик, на сторители на кривични дела против избори и гласање (член 158-165-в) од Кривичниот законик, за кривични дела против половата слобода и половиот морал и тоа: (член 186, член 187, член 188, член 189, член 191, член 191-а, член 193, член 193-а, член 193-б и член 194 од Кривичниот законик, за кривични дела против државата (член 305-327) од Кривичниот законик, за кривични дела злосторничко здружување (член 394-394-г), од Кривичниот законик, како и за кривичните дела против човечноста и меѓународното право (член 403-418-а, 418-в до 422 од од Кривичниот законик на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада