Предлог мерки за поттикнување на велосипедизмот и пешачењето во услови на редуциран сообраќај

Од:

Здруженија на велосипедисти и пешаци предлагаат итни мерки за да се поттикне возењето велосипед и пешачењето во услови на редуциран сообраќај. Со користењето на велосипед ќе се намали загадениот воздух, а луѓето ќе имаат физичка активност и излегување на воздух што е потребно за имунитет и добра психолошка состојба, велат од здруженијата.

Тие предлагаат на булеварите со повеќе ленти, најдесната лента да биде привремено наменета за велосипеди, а велосипедската патека (доколку воопшто ја има) да биде привремено наменета за пешаци. На улиците каде има доволно широк коловоз да се воведат велосипедски ленти.

-На улиците од понизок ранг – маалските улици кои немаат воопшто тротоари, немаат доволно широки тротоари или тротоарите се користат за паркирање, да се воспостави зона 20, односно ограничување на движење од најмногу 20 км/ч со цел да се овозможи безбедно споделено користење од пешаци, велосипедисти и моторни возила на коловозот, предлагаат велосипедистите и пешаците.

Еден од нивните предлози е просторот зафатен со платените паркинзи како тие на ЈП Градски паркинг, Град Скопје, ЈП за ПУП – Прилеп и ЈП Паркинзи на Општина Центар кои се долж улиците (и на сметка на тротоарите/односно улиците) да се врати на пешаците и велосипедистите.

Сите општини да ги лоцираат местата каде особено се групираат граѓаните чекајќи ред (пред маркети, аптеки, банки) и да го прошират пешачкиот простор на сметка на коловозот и паркирањето.

-Овие наши предлози ги доставуваме поради ситуацијата на недостаток на безбеден велосипедски и пешачки простор по улиците, особено кога е потребно безбедно разминување на растојание од најмалку еден метар според препораките (според најновите препораки од Министерство за здравство – два метра), на тротоари и простори кои се некаде потесни и од еден метар, а некаде и непостоечки, објаснуваат здруженијата.

Тие посочуваат примери како овој проблем е решен во градовите низ светот.

-Берлин и Будимпешта воспоставија привремени велосипедски ленти на сметка на автомобилските ленти.
Богота воспостави 117 километри привремени велосипедски рути за намалување на гужвите во јавниот превоз поради корона-вирусот. Британија ги поедностави процедурите за општините да можат привремено да ги затворат сообраќајниците во корист на простор за пешаци и велосипедисти.

Бруклин (Масачусец), САД, ја менува конфигурацијата на повеќе улици со цел да обезбеди физичко дистанцирање меѓу пешаците и се укинува паркирањето на некои улици, а некаде се одземаат цели коловозни ленти, со цел да се добие привремено проширување на тротоарите. Виена, воспостави зони 20 во маалата каде тротоарите се тесни со цел пешаците да можат безбедно да се разминуваат, посочуваат здруженијата.

Тие истакнуваат дека Светската здравствена организација исто така дава препораки за пешачење и возење велосипед со цел да се остане физички и ментално здрав како мерка против коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Предраг Петровиќ

Снег во Дебарско, прекини во снабдувањето со струја

Во прекин сообраќајот за тешки товарни возила на патот Струга – ГП „Ќафасан“

Предраг Петровиќ