Предлог казни од по 2 000 евра за четири лица од Штип кои го нарушиле полицискиот час

Од:

Основното јавно обвинителство Штип поведе постапка и поднесе предлози за издавање казнени налози од по 2 000 евра за четири лица кои го нарушиле полицискиот час.

– Сите обвинети во одделни кривично правни настани пеш се движеле низ градот иако во сила бил полицискиот час, воведен со одлука на Владата на Република Северна Македонија за да се сузбие ширењето на опасната заразна болест предизвикана од коронавирусот, стои во соопштението од ОЈО.

Обвинителството со предлозите за издавање казнени налози побара од судот на обвинетите да им изрече парични казни во износ од по 100 дневни глоби, секоја од нив во висина од по 20 евра во денарска противвредност. ​​

Лицата се товарат дека сториле кривичното дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници: Да се амнестираат луѓето што го прекршиле полицискиот час

Парична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час​

Ана Ололовска

Казна од 2000 евра за охриѓанец обвинет за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска

Велешкото обвинителство предложи казни од по 800 евра за 10 лица за непочитување на полицискиот час

Ана Ололовска

Предложени парични казни против три лица за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска

И вечерва нема полициски час, владината одлука стапува во сила на полноќ

Жарко Настоски