Предлог-казни од по 2.000 евра за 30 лица во Скопје за непочитување на полицискиот час

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежен суд поднесе предлози за издавање казнени налози од по 2.000 евра против 30 лица за непочитување на полицискиот час.

– Обвинетите не ја почитувале одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации во градот, стои во соопштението од ОЈО.

За сите нив надлежен јавен обвинител предложи парични казни од по 100 дневни глоби, при што поединечната вредност на дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.​

Сите лица се осомничени за кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Прогласен e полициски час во центарот на Лос Анџелес

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници: Да се амнестираат луѓето што го прекршиле полицискиот час

Парична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час​

Ана Ололовска

Казна од 2000 евра за охриѓанец обвинет за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска

Велешкото обвинителство предложи казни од по 800 евра за 10 лица за непочитување на полицискиот час

Ана Ололовска

Предложени парични казни против три лица за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска