А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Предлог казни од по 2 000 евра за 12 лица кои го прекршиле полицискиот час во Ресен

by А1он12/06/2020 - 09:3312/06/2020 - 09:35382
Share0

Ресенското обвинителство предложи на судот изрекување казни од по 2 000 евра за 12 лица кои го прекршиле полицискиот час на 22 мај годинава во селото Долна Бела Црква во општина Ресен.

Добивај вести на вибер

– Обвинетите на 22.05.2020 година, вo 23:50 часот, во село Долна Бела Црква – Општина Ресен, за време на пандемија прогласена од страна на Генералниот директор на Светската здравствена организација поради опасна заразна болест КОВИД-19 поради што и е утврдено постоење на вонредна состојба на територијата на Република Северна Македонија сметано од 18.03.2020 година, не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за нејзино сузбивање или спречување односно одлуките за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија. Тие за време на полициски час биле затекнати од полициски службеници од ОВР – Ресен пред продавница во с.Долна Бела Црква, без да поседуваат дозволи за движење, стои во соопштението од ОЈО.

Обвинителството поднесе предлози за издавање казнени налози со кои на Основниот суд Ресен му предложи на секој од обвинетите да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби при што вредноста на една дневна глоба да се определи во висина од по 20 евра во денарска противредност.

Тие се товарат за сторено кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

policiski cas

Би можело да ве интересира

Прогласен e полициски час во центарот на Лос Анџелес

Горан Наумовски11/06/2025 - 07:29

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници: Да се амнестираат луѓето што го прекршиле полицискиот час

Горан Наумовски23/02/2023 - 12:40

Парична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час​

Ана Ололовска13/07/2021 - 09:49

Казна од 2000 евра за охриѓанец обвинет за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска01/07/2021 - 11:32

Велешкото обвинителство предложи казни од по 800 евра за 10 лица за непочитување на полицискиот час

Ана Ололовска22/06/2021 - 12:25

Предложени парични казни против три лица за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска22/06/2021 - 10:44
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен