Предлог казни од 20 евра за седум лица поради непочитување на полицискиот час

Од:

Поради непочитување на полицискиот час, како мерка за спречување на заразна болест, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против седум лица.

Од ОЈО информираат дека во периодот од 1 до 6 април, обвинетите биле затекнати како се движат на различни локации во градот без да поседуваат дозвола за тоа, со што се товарат за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Во соопштението се дополнува дека јавниот обвинител му предложи на Судот за сите обвинети да определи парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.​

Би можело да ве интересира

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници: Да се амнестираат луѓето што го прекршиле полицискиот час

Парична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час​

Ана Ололовска

Казна од 2000 евра за охриѓанец обвинет за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска

Велешкото обвинителство предложи казни од по 800 евра за 10 лица за непочитување на полицискиот час

Ана Ололовска

Предложени парични казни против три лица за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска

И вечерва нема полициски час, владината одлука стапува во сила на полноќ

Жарко Настоски