Предлог казнен налог против скопјанец заради непочитување на здравствените прописи

Од:

Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог за изрекување казна во висина од 2.000 евра против скопјанец за непочитување на задолжителна самоизолација.

– Обвинетиот, на 17 март се вратил во земјава по престој во Словенија, како ризична земја за ширење на коронавирусот Ковид-19 и на граничнот премин Табановце потпишал изјава дека ќе спроведе задолжителна самоизолација во период од 14 дена во неговиот дом. На 18 март, при извршената проверка, полициските службеници не го затекнале во домот, стои во соопштението од ОЈО.

Надлежниот јавен обвинител на Основниот кривичен суд Скопје му предложил на лицето да му изрече парична казна од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.​

Предлогот е за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска