Предизборен собир на коалицијата „Преродба со Беса“ во Куманово

Од:

Коалицијата „Преродба со Беса“ вчера на предизборен собир во кумановскиот Центар за култура ја претстави изборната програма и кандидатите за пратеници.

– Треба да гласате за „Преродба со Беса“, за економска благосостојба и за редефинирање на овој неправеден економски систем, рече  претседател на движењето „Беса“ Билал Касами.

Само коалицијата „Преродба со Беса“, додаде, ќе направи Албанците да се чувствуваат горди и да се чувствуваат како победници.

Носителот на Втората изборна едница, Африм Гаши рече дека тие се борат за слобода и правда.

– Кога на власт ќе дојде „Преродба со Беса“ никој нема да смее да ве избрка од работа, бидејќи сте гласале за друга партија, бидејќи не мислете исто како нив, вие ќе бидете слободни да делувате како што сакате и ќе бидете слободни да размислувате како што сакате и да гласате за кој што сакате, рече Гаши.

Би можело да ве интересира

Седат Сулејмани избран за шеф на изборниот штаб на „Беса“ и коалицијата „Вреди“

Горан Наумовски

Сејдиу: Техничкиот ги навредува работниците, кабадаии во Собрание, кабадаии во Влада, кабадаии во полиција

Горан Наумовски

Беса: На средбата во Приштина со Курти и Конјуфца, присутните лидери ја посочија и идејата за претседател Албанец

Движење БЕСА: ДУИ, СДСМ криминалот и корупцијата се при крај

Горан Наумовски

Движење БЕСА: Криминалците на ДУИ се заменуваат со криминалци на Ахмети

Горан Наумовски

БЕСА: ДУИ да не ја штити платата на Беким Незири од 3000 евра, туку и да го исклучи од партијата