Коалицијата „Преродба со Беса“ вчера на предизборен собир во кумановскиот Центар за култура ја претстави изборната програма и кандидатите за пратеници.
– Треба да гласате за „Преродба со Беса“, за економска благосостојба и за редефинирање на овој неправеден економски систем, рече претседател на движењето „Беса“ Билал Касами.
Само коалицијата „Преродба со Беса“, додаде, ќе направи Албанците да се чувствуваат горди и да се чувствуваат како победници.
Носителот на Втората изборна едница, Африм Гаши рече дека тие се борат за слобода и правда.
– Кога на власт ќе дојде „Преродба со Беса“ никој нема да смее да ве избрка од работа, бидејќи сте гласале за друга партија, бидејќи не мислете исто како нив, вие ќе бидете слободни да делувате како што сакате и ќе бидете слободни да размислувате како што сакате и да гласате за кој што сакате, рече Гаши.