Предизборен митинг на коалицијата „За подобра Македонија“ во Кочани

Од:

Коалицијата „За подобра Македонија“ на вечерашниот предизборен митинг во Кочани побара доверба од граѓаните, втор градоначалнички мандат за Ратко Димитровски.

Осврнувајќи се на проектите што досега ги реализира Димитровски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски рече дека овој кандидат е докажан стопанственик кој изминативе четири години од Кочани направил пристојно место за живеење.

– Довербата ја бараме зашто сме убедени дека 136 проекти содржани во програмата на нашиот кандидат се значајни за растежот на општината, истакна Груевски.

Тој зборуваше и за актуелните состојби во државата. Посебно се задржа на прашањето за името.

– Во 1995 година Гркот Бранко го смени името и излажа дека тоа ќе трае две години без знаење на народот. Не може да се продаде нешто што веќе е продадено од Бранко, ние сега се бориме да го вратиме името. Ниту ни е понудено никакво име, ниту имаме дадено ветување. Илјада пати кажавме дека само македонскиот народ може да одлучи за името. Тоа време Бранко помина, сега е друго време. Се лажеш самиот себе си, затоа ќе загубиш од народот на изборите на 24 март, напомена Груевски.

Говорејќи за, како што рече, криминалната приватизација направена од страна на СДСМ, Груевски ги посочи затворените фабрики Хартија, Атом, Кочанско поле, Прима, Дрвниот комбинат.

– Важно беше олигарсите на Бранко да го добијат она за што се договориле во неговиот кабинет. Сега е друго време. Оваа Влада се бори за отворање нови работни места, нови вработувања. Зборуваме за конкретни дела зашто Македонија се сака со дела, нагласи Груевски.

Претставувјаќи ја својата предизборна програма кандидатот за градоначалник од коалицијата „За подбра Македонија“, Димитровски рече дека неговиот тим и во оваа градоначалничка трка влегува со проекти чија суштина е обезбедување нови работни места и задржување на младите во општината.

– Тоа ќе го направиме со искористување на природните ресурси и модернизација на постојните капацитети. Веруваме дека ќе успееме во тоа. Поинаква е нашата најголема фабрика, почнати се инвестиции во нејзиното оформување во главен зимски туристички капацитет на Истокот. Таа ќе донесе многу нови вработувања. Овде се и геотермалните води и нивното искористување во бански земјоделски енергетски и спортско рекреативни цели, рече Димтировски.

Пред собраните граѓани беа претставени и членовите на советничката листа, како и нејзиниот носител Иван Иванов.

Би можело да ве интересира

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618