Предизборен митинг на ДПА во тетовското село Порој

Од:

Претседателот на ДПА Мендух Тачи на предизборниот митинг што денеска се одржа во спортската сала во тетовското село Порој, побара од присутните поддршка на претстојните локални избори како гарант за подобра иднина на Албанците во Македонија.

– Почитувани жители на Порој и Џепчиште, вие сами ја наполнивте оваа сала зошто секогаш сте знаеле да ја цените нашата политичка платформа и имате јасна политичка определеност. Победа со што поголема разлика е подобро за Албанците и надвор од Тетово, особено за добар реазултат каде што ќе има втор круг. Ако ја делегитимираме оваа Влада се отвара вратата за ДПА да биде застапник на Албанците, рече меѓу другото Тачи.

Кандидатот за градоначалник на општина Тетово Сади Беџети најави продолжување на инвестициите во овој дел на општината.

– За 4 години владеење направивме Тетово да биде со бел образ. За неколку месеци градот ќе добие постојано водоснабдување. Изградивме улици и канализација во Дреновец, ги подобривме условите во училиштата во Дреновец, Порој и Џепчиште. Со новите ангажмани ќе можеме да направиме нов мост во Порој каде проектот е веќе готов, канализација за Порој и Џепчиште, ќе го подобриме водоснабдувањето за Џепчиште ќе градиме канали за наводнување и улично осветлување, изјави Беџети.

На предизборниот митинг на ДПА во Порој пред присутните се обрати и носителот на листата за советници во општина Тетово, Дурим Љума.

Би можело да ве интересира

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ