Предавање за односот на македонската колонија во Петроград кон балканските и Првата светска војна

Од:

Македонската колонија во Петроград и Македонско научно-литературно другарство формирано таму имааат голем придонес во градењето на патот кон нациоанлната слобода и државност, но тоа не е соодветно валоризирано во историографијата и се уште е во сенка на помасовното и поманифестативно македонско револуционерно движење.

Ова го посочи академик Блаже Ристовски на свечениот собир на тема „Македонската колонија во Петроград и односот кон Балканските војни и Првата светска војна“, кој Македонската академија на науките и уметностите денеска го организираше по повод 100-годишнината од Балканските војни и почетокот на Првата светска војна.

– Во бурниот и трагичен период на Балканските војни и на Првата светска војна, Македонската колонија во Петроград е единствената програмски дефинирана национална линија во борбата за идентитетот и интегритетот на македонска Македонија. Уште во националната програма на Македонско научно-литературно другарство од 12 ноември 1902 година беше даден аларм за опаноста од поделба на Македонија од страна на соседните балкански државички и беа укажани можностите и условите за ослободување и зачувување на целоста на земјата. Тоа подетално и научно аргументирано беше претставено во книгата на Мисирков „За македонските работи“ и во неговото списание „Вардар“ 1905, истакна Ристовски.

Посочи дека тајните српско-бугарски преговори и договори, не биле тајни за тогашната европска јавност и за претставниците на Македонската колонија во Петроград кои, како што рече, уплашени од блиската воена акција на балканскиот сојуз и од можното разграбување на татковината, се обиделе да обезбедат легална институција преку која ќе дејствуваат во рамки на руските закони.

Со потписите на основачите, Димитрија Чуповски, Гаврил Константинович и Наце Димов, на 27 јуни 1912 пред петербуршкото градоначалство бил поднесен за регистрација уставот на Словено-македонското национално просветно друштво „Кирил и Методиј“. Според основните програмски цели и задачи, тој не се разликувал од уставот на Македонското научно-литертаурно другарство од пред десет години, но бил прилагоден на новите историски околности. Главната цел била декларирана во првиот параграф – друштвото да го помага духовното преродување и обединување на македонските Словени и нивното слободно национално самоопределување. Регистрацијата на уставот не била овозможена и тoa не успеало да добие официјално признание од руските надлежни власти.

Македонското научно-литературно другарство во Петроград (Санкт Петербург) било конституирано на 28 октомври 1902 година со 19 потписници. Неговата дејност завршила во 1917 година.

Би можело да ве интересира

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on

(ВИДЕО) Николова: Предложените реформите се без јасна стратегија за развој и модернизација на образованието

ВЛЕН: Сериозно сме посветени на образованието кое беше во тотална летаргија

Јаневска: Пакетот закони од образованието се носи демократски и инклузивно

Горан Наумовски

Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието

Предраг Петровиќ

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати