Предавање за јавниот имиџ на укажувачите (свиркачите)

Од:

Здружението на новинари на Македонија во соработка со Амбасадата на САД во Македонија денеска организира предавање и дискусија на тема „Улогата на медиумите во развојот на јавниот имиџ на укажувачите (свиркачите)“.

На настанот ќе се обрати претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, а потоа предавање ќе одржи Том Девајн, кој е долгогодишен меѓународен експерт во областа на законите за заштита на свиркачите.

По презентацијата, како што велат од ЗНМ, ќе има дискусија со присутните во врска со оваа актуелна медиумска тема.

– Целта на оваа соработка е да се запознаеме со последните практики за мониторинг на медиумите во врска со укажувањето како и заштитата на укажувачите, додаваат од ЗНМ.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Осуда за кампањата за оцрнување на независните медиуми и закани кон новинарите

ЗНМ: Осуда за попречување на новинарската работа на екипата на КЛАН телевизија

ЗНМ: Политички калкулации при изборот на членови во ААВМУ се неприфатливи

ЗНМ бара итна истрага за запаленото возило на дописничката од Охрид

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага