Предавања на Скопското астрономско друштво во Планетариумот

Од:

Скопското астрономско друштво и Младинскиот културен центар денеска и утре организираат по две предавања во Планетариумот.

Предавањата денес се од 19.30 и од 20.30 часот, а утре од 19 и од 20 часот. Предавач е Радан Митровиќ, кој ќе ги запознае заинтересираните со најважните соѕвездија и објекти, како и со календарите и нивната поврзаност со ноќното небо.

– Централна улога има Планетариумот и неговата волшебна способност да ни го долови ноќното небо со преубав приказ на ѕвездите, да ни покаже како тоа се менува кога се наоѓаме на разни позиции на Земјината топка, но и да го забрза текот на времето, а со тоа и движењето на ѕвезденото небо над нас, соопшти МКЦ во чиј состав е Планетариумот.

Билетите по цена од 150 денари се во ограничен број и може да се набават на билетарницата на МКЦ.

Би можело да ве интересира

Воведен курс по астрономија на „Скопско астрономско друштво“

20 години Скопско астрономско друштво со изложба на астрофотографии

Ана Ололовска

Македонски научник e дел од ново астрономско откритие

Ана Ололовска

Реактивирање на Аматерското астрономско друштво-Битола

Ана Ололовска

Пофалница за македонски ученик на Меѓународната олимпијада по астрономија во Сучава, Романија

Ана Ололовска