Пред денешното рочиште се разболе обвинетиот кој со мотор го усмрти скопјанецот Југослав Николовски

Од:

Основниот кривичен суд Скопје го одложи денешното судско рочиште на кое требаше да биде донесена пресудата против 25-годишниот скопјанец Ф.Љ. кој на 1 јули годинава, управувајќи мотор „кавасаки“ без возачка дозвола на пешачка патека на кејот на Вардар, во близина на Паркот на Франкофонијата го прегази Југослав Николовски (68) и избега од местото.

Како што информираше Судот, рочиштето е одложено поради отсуство на обвинетиот, кој поради стомачен вирус, утринава, пред почетокот на судењето завршил на инфузија.

Обвинителството го товари лицето за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и за неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.

Според обвинителниот акт, обвинетиот управувал мотор „Кавасаки“ по пешачка патека, иако немал возачка дозвола и возел спротивно на сообраќајните прописи. Иако брзината на моторот била 35 километри на час, таа се смета за небезбедна на локација која е наменета исклучиво за пешаци. Поради тоа, обвинетиот не успеал навреме да запре и удрил во пешакот Југослав Николовски, кој се здобил со тешки телесни повреди. Повреден бил и сопатникот на моторот.

Во обвинителниот акт се наведува дека наместо обвинетиот да укаже помош, тој го напуштил местото на несреќата, оставајќи го моторот зад себе. Пешакот бил пренесен на Ургентниот центар во Скопје, каде подоцна им подлегнал на повредите.

Би можело да ве интересира

Почина сведок во Кривичниот суд во Скопје

Фатон Нури кој на пешачка патека го усмрти пензионерот Југослав Николовски призна вина, ќе се брани за неукажување помош

Обвинителниот акт за трагедијата во „Пулс“ ќе биде оценет до крајот на неделава

Катерина Ѓуровски

Судoт го одби предлогот на обвинителството за спојување на постапките во случајот „Адитив“

Кривичен суд: Одложено судењето за предметот „Адитив“

Утковски: Имаме ограничен број на возила и вработени во затворската полиција во затвор „Скопје“

Горан Наумовски