Пречек на контингентот на АРМ од Авганистан

Од:

Во тетовската касарна „НХ Кузман Јосифовски Питу“ денeска ќе се одржи свеченост по повод враќањето на контингентот на АРМ од составот на Првата механизирана пешадиска бригада, (1.мпбр), кој во изминатите шест месеци учествуваше во мисијата ИСАФ во Авганистан.

На свеченоста ќе присуствуваат министерот за одбрана Зоран Јолевски, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, заменик-министерот за одбрана Арбен Лабеништа, државниот секретар во МО Сашо Стефаноски, високи претставници од МО и АРМ, претставници од локалната смаоуправа, роднините на припадниците од контингентот и други гости.

Во 16-та ротација на мировната мисија ИСАФ во која АРМ учествуваше со механизирана пешадиска чета, во Авганистан учествуваа 151 припадник на АРМ, кои заедно со најстариот национален претставник беа распоредени во главната команда на ИСАФ во Кабул.

Припадниците на АРМ во изминатите шест месеци во Кабул задачите ги извршуваа во рамки на контингентот на Армијата на Обединетото Кралство, каде што беа задолжени за обезбедување на главната команда на силите на ИСАФ во Кабул.

За професионалното извршување на задачите, покажаната компатибилност и интероперативност со силите на Алијансата во мисијата ИСАФ, припадниците на АРМ од командата на ИСАФ и од високите командни структури на Алијансата, беа оценети со највисоки оценки заради што АРМ и понатаму ужива висок рејтинг во НАТО.

Би можело да ве интересира

Момче од Неготино е под истрага за загрозување на воените активности на АРМ

Во касарната во Петровец претставени 17 нови оклопни возила „страјкер“ набавени од САД

ВИДЕО: Во објекти од времето на Тито, професионалните војници топлат вода во кофи и јадат со лебарки, реагира Независниот синдикат

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба