Православните верници го празнуваат Свети Георгиј Посен

Од:

Македонскиот народ денеска го празнува Свети Георгиј ­Посен, празник кој е поврзан со името на Светиот великомаченик Георгиј Победоносец чиј спомен се празнува и на други датуми од православниот календар.

Свети Георгиј ­ Посен се празнува на 26 ноември според стариот или 9 декември според новиот календар.

На овој датум во 1037 бил осветен храмот посветен на овој светител во Киев изграден од кнезот Јарослав. Овој ден како празник се празнува во цела Русија и оттаму веројатно празнувањето е пренесено и во нашиве краишта.

Празникот е наречен Посен затоа што секогаш се паѓа во Божиќните пости. Во книгата на Булгаков „Настолнаја книга”, на овој датум се поместени тропар и кондак на празникот посветени на Св. вмч. Георгиј, од што станува јасно дека овој празник е посветен на Георгиј Победоносец, а не на некој друг светител со истото име.

Би можело да ве интересира

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите

Митрополит Агатангел: Македонското име, идентитет, историја и традиција не смеат да бидат предмет на тргување, тоа важи и за Црквата

Владиката Тимотеј за рускиот свештеник: Ние немаме информации дека бил шпион

A1on

„Работи во Софија, а патува до Скопје за да внесе раскол во МПЦ“: Кој е рускиот свештеник Змеев кој доби забрана за влез во Македонија

A1on