Правниот факултет од Штип го одбележа Денот на Европа

Од:

Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип денеска со трибина „Антидискриминација, говор на омраза и криминал од омраза“ и со промоција на книги го одбележа Денот на Европа.

За влијанието на стереотипите и етничката дистанца пред студентите говореше пензионирата универзитетска професорка по социологија Марија Ташева. Таа забележа дека резултатите од направените истражувања од 1995 до 2015 година покажуваат мало поместување во приближувањето на етничките заедници во земјава.

– Намалена желба да се споделува просторот само со припадниците на сопствената заедница, туку искажан став дека другите не пречат. Намалување на дистанцата во она што во социологијата се нарекува примарно типски односи, оние директни лични односи меѓу луѓето, каде што повторно се забележува, иако трите најдобри пријатели се бираат во рамките на сопствената заедница. Меѓутоа се покажува дека интерес за дружење има и со другите заедници. Јас би констатирала дека покрај сите турбуленции што ги преживуваме, на повидок е подобрување на меѓуетничката клима во нашето општество, рече Ташева.

Беа промовирани и книги и зборници на научни трудови во издание на Правниот факултет, а во рамки на одбележувањето на Денот на Европа им се приклучија и студентите од Ликовната академија со изложба на нивни дела.

Би можело да ве интересира

Во штипско Ново Село панихида за Тодор Александров, се одбележаа 102 години од неговото убиство

Штип е без вода, филтер станицата e исклучена поради екстремна заматеност од синоќешното невреме

Горан Наумовски

Се претставил како директор, па ја измамил за илјадници евра

Горан Наумовски

Клековски: Формирана e комисија за надзор над случајот со родилката од Штип, ќе се вклучат двајца странски стручњаци

Горан Наумовски

38-годишен штипјанец почина во својот дом

Горан Наумовски

ВИДЕО: Невремето ја оштети ортопедијата во Штип, пациентите со скршеници ќе се препраќаат во други болници