Почнуваат средбите со граѓаните од поплавените подрачја на кои ќе им биде обезбедена правна помош за надоместување на штетите.
Средбите ќе се одржат денеска, во среда и во петок, во месните заедници на Стајковци (10:00 – 13:00) и на Ченто (13:00 – 14:00).
Правната помош вклучува информации и совети за постапката за надомест на штета согласно Законот за заштита и спасување на лицата од засегнатите подрачја, а ќе ја обезбеди Македонското здружение на млади правници (МЗМП).
Сите заинтересирани лица од настраданите подрачја во Општина Гази Баба можат да се обратат до месните заедници во дефинираните термини.