Кој и со колку луѓе помага во поплавените подрачја?

Од:

Според податоците од Дирекцијата за заштита и спасување за активностите во поплавените подрачја, преку институцијата се ангажирани 276 луѓе, 85 пумпи, 250 возила и механизација.

Преку билатералните договори со сродните институции во регионот пристигнати се тимови од Србија и Бугарија кои веќе работат два дена.

Од Бугарија се пристигнати 26 луѓе со 10 пумпи.

Од Србија 30 луѓе со 35 пумпи.

Од Косово денеска пристигнаа 8 луѓе со 4 пумпи.

Активиран e механизмот за цивилна заштита преку тим на експерти за води и канализација кoj ке направат процена на ситуацијата и ке дадат препораки . Тимот се очекува да пристигне во текот на утрешниот ден 10-08-2016.

Активиран е Коперникус за сателитски снимки од каде се добиени првите снимки од погоденото подрачје кои би се користеле за попрецизно да се утврдат настанатите штети.

На терен се работи на испумпување на вода од зафатени куќи, расчистување на канали, улици, тротоари закрчени сообраќајници со наноси од кал и шут.

Се превезува и флаширана вода.

Локации на кои се работи:

С. Стајковци, Сингелиќ, Камник, Црешево, Смилковци, Раштански пат, Булачани, Винце, Страчинци, Инџиково (улици Сава Михајлов, Антон Панов, Кристофер Жефаровиќ, Ѓорѓи Чоков, ОУ 25 Мај, Ресторан Лозана, Кругер Маркет)

Според податоците од МВР до сега се пронајдени 22 настрадани од водената стихија.

Би можело да ве интересира

Правни совети за граѓаните од поплавените подрачја

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Погодените од поплавите: Најпотребно е да се обноват куќите

А1он

Трајановски: До утре ќе бидат испразнети сите поплавени простории во Инџиково

Предраг Петровиќ