Правеше улица, му го украдоа бетонот, градоначалникот на Кочани бара да се најдат крадците

Од:

Полицијата утврдува кој го украл бетонот во Кочани во „Ромско маало“, кратко откако тој бил поставен улицата „Стамен Манов“, случај за кој реагираше Општина Кочани. Недостатокот на поставениот бетон го забележале жителите на улицата, кои потоа пријавиле кај надлежните служби. Од Општина Кочани веќе најавија санкционирање на сторителот.

Чинот на уништување го осуди и градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев, кој му порача на сторителот дека уништувањето на јавно добро е казниво со закон.

„И покрај сите заложби да обезбедиме пристојна инфраструктура, неодговорни граѓани го уништуваат направеното. Навистина жалиме што со вакви пречки во реализацијата на проектите често се соочуваме“, вели Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Улицата се бетонирала со помош на грант кој градот Кочани го добил преку Европската Унија и Советот на Европа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

(ВИДЕО) Инсталацијата „63 бели столчиња“ во чест на загинатите во трагедијата во Кочани

Горан Наумовски

Златко Илијев: Работите се менуваат, се работи на превенција од пожари, зголемен бројот на млади пожарникари

Алиу: Една година по Кочани – Македонија не ја заборава пожртвуваноста на здравствените работници и подадената рака од пријателските земји

Мицкоски: Една година по трагедијата во Кочани, нашата обврска е да се сеќаваме и да покажеме дека општеството и институциите се способни да учат