„Правда за Кољо“: протест вечерва во Аеродром

Од:

Стотина млади лица вечерва одржуваат протестен марш од скопската населба Аеродром до Кривичниот суд, носејќи транспарент „Правда за Кољо“.

Граѓаните, кои во текот на денот се организираа на социјалните мрежи, не извикуваат никакви пароли, а повеќето носат црна облека. Тие бараат повисока затворска казна за убиецот на 17-годишниот Никола Христовски – Кољо, на кој  Кривичниот суд му изрече тригодишен затвор.

Ова е трет сличен протест, по двата кои се одржаа минатиот месец,  кога беше донесена судската пресуда. Оттогаш, Обвинителството поднесе жалба на пресудата.

Од Кривичниот суд тогаш за А1он појаснија дека за кривичното дело Убиство на миг, за кое му се судеше на обвинетиот, 18-годишниот А.Т., предвидена е затворска казна од една до пет години.

Член 125 вели дека тој што друг ќе лиши од живот на миг, доведен без своја вина во состојба на силна раздразнетост со напад или со тешко навредување или како последица на семејно насилство од страна на убиениот ќе се казни со затвор од една до пет години.

 

Би можело да ве интересира

Протест „Ниту една повеќе“: Политичари, судии, полицајци, насилници, парољупци – додека не ја добиеме правдата, мир за вас ќе нема!

А1он

Протест „Ниту една повеќе“ во Скопје: Македонија одамна не е добар родител на своите деца!

А1он

Протест во  Крива Паланка, Митовски порача: Одиме до крај — додека не се спроведе законот и последното грло добиток не биде изнесено од градот

„Ниту една повеќе“: Граѓаните бараат крај на насилството врз жените

Горан Наумовски

„Нема да нè снема“, „Ниту една повеќе“: Протест во Скопје против фемицидите, побарана одговорност за смртта на Билјана

Протест против фемицид и институционално насилство во Скопје – „Жените продолжуваат да бидат убивани“

А1он